Стојчевска: Не знаев дека син ми аплицирал за работа во ЕЛЕМ

0
165

Пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, не гледа ништо спорно во тоа дека нејзиниот син од вчера е новиот вработен во ЕЛЕМ. Стојчевска се изјасна дека нејзиниот син уредно се пријавил на оглаост, и ја добил позицијата.

“Елем имаше распишано јавен оглас. Мојот син прво аплцирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар за недвижнини што исто така е државна институција, вели пратеничлата Стојчевска за А1он”.

Таа ги негира тврдењата дека нејзиниот син Виктор добил работа во ЕЛЕМ поради нејзината функција или глас за уставните промени, како што тврдеше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

“Нашите деца секако ќе бидат вработени некаде, според нивните струки и образование. Имајте предвид дека се дефицитарни градежните инжинери. Колку што знам, тој сега е вработен во секторот за инвестиции, додава Стојчевска”.

Од ЕЛЕМ тврдат дека Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата бидејќи ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Оттаму не дадода информација колку лица се пријавиле на огласот и дали само синот на пратеничката Стојчевска ги исполнувал критериумите.