(ВО ЖИВО) Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата.

0
309

 

Знамето на НАТО денеска ќе биде кренато пред зградата на македонската Влада. На свечената церемонија ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Телевизија Телма ќе врши директен пренос од оваа свеченост.

Пред владата веќе се е подготвено наредени се столчиња за делгациите и гостите. Според предвидениот протокол на свеченоста е поканет целиот дипломатски кор, односно амбасадорите на земјите членки на НАТО, сите пратениците, како и сите претставници на владата и и воените аташеа на земјите членки на НАТО. Свеченоста ќе започне со интонирање на македонската химна од страна на воениот оркестар. Потоа Зоран Јанковиќ, шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје ќе му го предаде НАТО знамето на премиерот Заев, а тој ќе им го врачи на АРМ. Тогаш ќе започне кревањето на знамето со интонирање на химната на НАТО, по што следува обраќање на премиерот Заев.