Забрана за камиони на патот Гостивар – Кичево и Маврово – Дебар

by Administrator

Поради обилни врнежи од снег и засилен ветер вечерва е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правци.

Како што соопшти АМСМ, забраната стартуваше од 17 часот и 20 минути.

Претходно, попладнево во 16 часот и 30 минути, од истите причини беше воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар во двата правци.

Извор:НоваТВ

You may also like