Во СВР Скопје денеска околу 13 часот било пријавено дека во банка на улица „Јадранска магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума пари, потврдија за МИА од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Според првичните информации ограбена е екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово, кога пет вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените, потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.
Во врска со денешниот грабеж, од Халк банка соопштија дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.
Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.








