Грција на 8 февруари прва ќе го ратификува Протоколот за пристап на Македонија во НАТО

0
258

Грција најверојатно ќе биде првата земја која ќе го ратификува протоколот за пристап на Северна Македонија кон НАТО, и тоа најверојатно ќе го направи до 8 февруари, објави Еурактив, повикувајќи се на свои извори.

-Грција сака да го ратификува протоколот за пристап до 8-ми февруари”, рече изворот, додавајќи дека Атина најверојатно ќе биде првата земја што ќе ги отвори вратите на НАТО за Северна Македонија.

На 28 јануари портпаролот на НАТО рече дека датумот за потпишување на протоколот за пристапување на 30-тиот член на Алијансата ќе биде одреден “во наредните денови”, откако Атина и Скопје го ратификуваа историскиот договор со кој заврши нивниот 27-годишен спор во јануари, што досега ги блокираше напорите на Скопје за влез во НАТО и во ЕУ.

Ова практично значи дека Северна Македонија би можела да стане членка на НАТО на самитот во јули, доколку останатите земји членки на НАТО ги забрзаат процедурите за ратификација. Вообичаено, процесот на ратификација трае една година.

Според извори на Еурактив, официјалниот текст на протоколот за пристапување е одобрен вчера и 29-те постојани претставници на НАТО сега чекаат овластување од нивните земји за да го потпишат.

Откако ќе биде потпишан, тој ќе биде испратен до 29 главни градови кои ќе бидат ратификувани од националните парламенти.

Агенцијата БГНЕС денеска објави дека бугарската Влада го одобрила нацрт текстот на Протоколот и овластила привремениот шеф на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише пристапниот Протокол.

Извор:НоваТВ