Заев: Победници се граѓаните на двете земји и оние кои беа против Договорот

0
186

Граѓаните на нашата земја и на пријателска Грција денес можат да бидат горди. Тие се генерацијата која стави крај  епизодата на нерешен мир на Балканот “, изјави Заев за грчката агенција АНА МПА, откако грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа.

„Победници се граѓаните на двете земји но и граѓаните на целиот регион, како и оние кои беа против Договорот бидејќи и за нив доаѓа време на просперитет, мир и пријателство. Храбите граѓани избраа да се ослободат од сенките на минатото и на светот да му понудат нов Балкан како регион на можности и политичка стабилност, како место на поврзани соседи и пријателство, регион на економски раст и модел на интеграција“ рече Заев.

Тој му честита на  грчкиот премиер Алексис Ципрас, и за гласањето во грчкиот парламент.

„Решивме спор кој беше претставен акко нерешлив“ вели Заев.

„Од денеска па натаму имаме длабоко пријателство. Од денеска одиме понатаму со поголема сила за да ги здружиме нашите граѓани. Иднината нема повеќе да ни се изгледа како фатална судбина туку како заеднички пат поплочен со пријателски намери и вредности кои потекнуваат од нашето евроспко семесјтво.

Извор:НоваТВ