Министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец во официјална посета на Македонија

by Administrator

Во посета на Македонија денеска престојува словеченкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, кој ја пренесе безрезервната поддршка на Словенија за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

https://www.facebook.com/sekerinska/videos/296901914515785/?t=14

Во рамки на посетата, во организација на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерката Шекеринска и министерот Ерјавец.

Успехот на Македонија на полето на членството во НАТО и ЕУ има силна словенечка боја. Повеќе од 25 години Словенија силно не поддржува на тој пат. Денеска во официјална посета на Македонија е мојот словенечки колега Карл Ерјавец, што е потврда дека таа поддршка и партнерство продолжува објави нс војот фејсбук профил министерката Радмила Шекеринска.

Image may contain: 4 people, people standing and outdoor

Дискусијата ќе се фокусира на улогата на НАТО за нашата земја, придобивките што ги обезбедува членството во НАТО, како и укажување на словенечкото искуство, предизвиците и придобивките од нивното пристапувањето во НАТО.

Image may contain: 2 people, people smiling, people standing and outdoor

Со овој настан ќе се одбележи и преземањето на улогата на Република Словенија со која тие стануваат НАТО контакт Амбасада за Република Македонија.

You may also like