Вечерва во Охрид Романо Проди ја прими Светската награда за хуманизам

0
200

Поранешниот премиер на Италија и поранешен претседател на Европската комисија, Романо Проди, вечерва во Охрид ја прими Светската награда за хуманизам. Тој заблагодарувајќи се на признанието, истакна дека духот на европската идеја не се профитот и економското поврзување, туку хуманизмот и солидарноста.

– Европа е заедница на малцинства. Кога бев во Романија, еден тамошен пратеник ми кажа, како неговиот татко бил убиен, само затоа што таму бил малцинство,како што бил убиен и неговиот дедо – за истото. Тоа повеќе не смее да се случува. Европа треба да биде семејство на мир и солидарност, во европската архитектура, како темел треба да влезе балканската стратегија, но и нешто пошироко – солидарноста со африканските земји, чиенаселение , без своја вина, се раселува во очајнички поморски и сувоземни колони –потенцираше Проди, кој 10 години во Африка беше специјален пратеник на ОН.

Романо Проди е еден од водечките визионери и градители на европската идеја, екс-премиер на Италија и претседател на Европската комисија. За време на неговиот петгодишен мандат како претседател на Европската комисија, Европската унија го оствари најголемото проширување со десет нови членки, од кои осум држави од Источна Европа.

Светската награда за хуманизам ја востанови Охридската академија на хуманизмот, по идеја на дипломатот и писател Јордан Плевнеш и со неа се слави името на Св. Климент Охридски на сите светски меридијани.