Со мировниот план на владата на претседателот Доналд Трамп, се предвидува формирање палестинска држава на 85 до 90 проценти од Западниот Брег.
Главниот град би бил лоциран во “мнозинството на арапски квартови” на источен Ерусалим, стои во извештајот на израелските медиуми.
Телевизискиот канал 13 минатата ноќ извести дека таканаречениот “договор на векот”, како што го нарекол Трамп, предвидува поделба на Ерусалим, Израел да го задржи суверенитетот над западниот дел од тој град и светите места, вклучувајќи го и Стариот град и непосредното опкружување.
Сепак, се вели дека со светите места заеднички ќе раководат заедно со Палестинците и Јордан, а можеби и со други земји.
Белата куќа го одби овој извештај, означувајќи го како неоснована шпекулација.
“Како и во минатото, шпекулациите во однос на мировниот план се неточни. Ние немаме никакви понатамошни реакции”, се вели во соопштението на Канал 13.
Покрај 85-90 проценти од териториите на Западниот Брег, кои ќе бидат под палестински суверенитет, администрацијата на Трамп ќе предложи и разни размени на територија. Што се однесува до еврејските населби на Окупираниот Западен Брег, ќе бидат припоени големи блокови. Изолираните населби нема да бидат евакуирани насилно, но нема да им биде дозволено да се шират.
Во извештајот не се спомнуваат предлозите за решавање на статусот на палестинските бегалци, ниту пак судбината на појасот Газа која ја контролира Хамас.
Се тврди дека Американците очекуваат Палестинците да го отфрлат предлогот во таква форма. Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја бојкотира администрацијата на Трамп откако Трамп во декември 2017 го призна Ерусалим како само израелски.
За разлика од Палестинците, Израел се очекува да го прифати предлогот, кој нема да биде презентиран пред израелските предвремени избори на 9-ти април.
Наводните услови на договорот не се толку добри колку оние што Израел неуспешно им ги предложи на Палестинците, додека премиерот Ехуд Барак и Ехуд Олмерт, се вели во извештајот.
Се чини дека Палестинската управа го отфрлила наводниот нов предлог, велејќи дека е неприфатливо се што не подразбира држава базирана на границите пред војната во 1967 година, кога Израел го освои Западниот брег со Источен Ерусалим и појасот Газа.
Портпаролот на палестинската влада, Набил Абу Рујајн, изјави дека секој мировен план што не предвидува палестинска држава во тие граници со целиот источен Ерусалим како главен град ќе биде уништен, објави палестинската новинска агенција ВАФА.
Извор:(Vijesti.ba / NN)










