КИНА: Повисоки даноци за милијардерите ќе го намали јазот помеѓу богатите и сиромашните

by Administrator

Дали светската индустрија ќе стане еден од главните добитници на новиот реформиран даночен систем во Кина, со оглед на тоа што супер богатите во Кина ја разбиваат главата како да ги избегнат високите даноци?

Одговорот веројатно е не. Имено, даночните олеснувања се насочени кон кинеската средна класа, а за оние со најголеми поголема е веројатност дека ќе бидат погодени од зголемувањето на даноците. Групите со високи приходи можат да развијат и да применат нови методи за да избегнат плаќање даноци, но дупките во законот наскоро ќе бидат затворени.

Блумберг објави дека четири кинески магнати пренеле повеќе од 17 милијарди долари од своето богатство на семејните фондови кон крајот на минатата година.

“Оф-шорските фондови не можат целосно да ги избегнат даноците, ама милијардерите можат да им понудат повеќе даночни затајувања”, се вели во извештајот.

Кина неодамна го реформираше својот систем за данок на доход за да го намали товарот на средната класа. Дури и ако од Владата се очекува да го намали вкупното даночно оптоварување, може да се појават повисоки даночни стапки. Споменатите 17 милијарди кинеската јавност може лесно да ги види, како напор на супер-богатите, за да избегнат плаќање даноци, иако нема докази за поддршка на ова тврдење.

Ако, заради зголеменото оданочување на милијардерите, се зголеми и одливот на капитал од земјата, постои можност дека Кина би можела да биде под притисок. Дури и да е така, општ консензус е дека актуелните даночни реформи на владата на претседателот Кси Џинпинг не треба да се напуштат.

Многумина се жалат дека даночното оптоварување на кинеските милијардери е меѓу најниските во светот. Даноците од порезот кои ги плаќа средната класа одамна биле клучна компонента на растот на даночните приходи во Кина, ама се дошло до заклучок дека високото даночно оптоварување на средната класа ја намалува потрошувачката. Кина се движи во вистинската насока и ги намали даноците на средната класа, и овие реформи треба да продолжат, се вели во “Глобал тајмс”.

Следниот чекор е да бараме повисоки даноци на високите примања, кои ќе ја балансираат даночната добивка. Овие мерки истовремено ќе помогнат да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните.

Без оглед на тоа дали кинеските магнати ќе користат даночни затајување на данок или не, кинеската влада треба да ги препознае и да ги пополни празнините во законот во спроведувањето на даночната реформа.

Доколку идните реформи успеат да обезбедат лицата со висок приход да ги исполнат своите даночни обврски, а од друга страна да бидат спречени да користат канал за избегнување данок на офшор, ќе се намали и притисокот врз капиталните одливи.

Извор:logicno.com

You may also like