Алијанса за Албанците: Македонците се амнестираат или бегаат, затворите се само за Албанците

0
287

Од Алијансата за Албанците реагираат по бегството на Никола Војновски кој е осуден за обид за убиство на Зијадин Села при настаните од 27 април во Собранието.

Тие резигнирано контатираат дека „Македонија е земја на чудата“ и „дека се чини оти во Македонија затворите се изградени само за Албанците, а осудените Македонци може да избегаат или да се амнестираат“.

-Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид, не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната – велат од партијата.

Од таму упатуваат апел до Владата, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, или во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност.

Извор:НоваТВ