Претседателот на Албанија со честитки до претседателот на Собранието на Македонија

0
241

Претседателот на Албанија, Илир Мета, упати честитка до претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, за завршувањето на процесот околу Законот за употреба на јазиците во Македонија, кој е објавен во „Службениот весник“ на Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Мета во својата честитка нагласи дека овој успех претставува многу значаен чекор во рамки на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

„Ви честитам срдечно за успешното завршување на процесот на ратификување на Законот за употреба на јазиците, каде што и албанскиот јазик го зазема своето заслужено место во Македонија. Ова е историски и значаен настан за Албанците, еден голем и важен успех кој придонесува во демократијата и гаранцијата на еднаквите права за граѓаните на сите националности кои живеат во Македонија“, се вели во честитката на Мета, објавена од страна на прес-службата на Претседателството на Албанија.

Мета истана дека Албанците секогаш биле ориентирани кон евроатлантските вредности и во конкретниот случај, според него, покажале восхитувачка зрелост и конструктивен став.