Патриотските здруженија „Tврдокорни” и ,,Македонија блокира“ за денеска напладне најавија протест пред Собранието, паралелно со почетокот на пленарната седница за уставните измени.
-Во овие навидум обични денови се одигруваат настани кои ќе одекнуваат не само нанапред во иднината туку и наназад во вековите од македонското минато. Секој достоинствен Македонец без да се убедува треба да знае дека е должен со присуство на протестот во свое име и во име на честа на своето семејство да ја покаже несогласноста со чинот на најголемото национално предавство, се вели во повикот на Здружението на граѓани „Тврдокорни“.
Извор:НоваТВ










