Таравари во Брисел на средба со Хан, Кукан, Флекенштајн и Вајгл

0
180

Генералниот секретар на Алијансата за Албанци и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, денеска отпатува на официјална посета во Брисел.

Како што соопштија од Општината, во текот на дводневниот престој, Таравари ќе има средби со високи претставници на институции на ЕУ, како и со поддржувачи на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, како што се европскиот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан и со европратениците Флекенштајн, Кукан и Вајгл.

-Агендата на средби ќе биде фокусирана околу последните политички случувања во земјата, со посебен акцент на уставните промени и на веќе познатите ставови на Алијансата за Албанците за потребата на унапредување на уставната положба на Албанците, како клучен фактор за градење на мултиетничко, демократско и вистинско европско општество, се вели во соопштението.