Заев бара консензуален кандидат за претседател, Мицкоски објави јавен повик

0
213

Премиерот Заев рече дека се уште не е отворен процесот за утврдување на кандидат за претстојните претседателски избори бидејќи во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот.

Тој додаде дека му е драго што има кандидати, но дека ќе треба да се види кои од нив граѓаните ги сакаат.

-Посакувам да имаме консензуален кандидат од сите. Да имаме човек кој ќе биде татко на нацијата зад кој ќе застанеме сите, рече Заев.

Премиерот очекува владејачката коалиција да победи на претседателските избори но, како што вели, за одлуката на граѓаните клучна ќе биде личноста на кандидатот.

„Ќе се обидеме да го изнајдеме најдобриот, или најдобрата. Ќе се потрудиме да најдеме кандидат што максимално ќе биде прифатлив за сите граѓани на Република Македонија, вели Заев. 

Од опозициската партија најавија дека кандидатот за претседател ќе го бираат преку јавен повик на кој повикуваат да се пријават сите кои се гледаат како потенцијален претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

„Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање најдоцна до 31 јануари. Веднаш потоа, сите кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе имаат еднакво право да ги презентираат својот план и програма пред партијата“, соопштија од партијата.

Претседателските избори се очекува да бидат распишани на 3 февруари.