Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар-Стража-Кичево и Маврово-Дебар

0
260

На патниот правец Гостивар – планински премин Стража – Кичево и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, од 17 часот и 15 минути воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Од ЈП Македонија пат, пак, информираа дека од 17 часот и 10 минути е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово – Дебар.

Извор:НоваТВ