Заев:Очекувам од Касами да слушнам што ја загрижува БЕСА

0
183

Премиерот Зоран Заев потврди дека попладнево во 16 часот ќе во Владата ќе има средба со Билал Касами од Беса, во рамки на консултациите со политичките партии за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени.

-„Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Очекувам од Касами да слушнам што ја загрижува БЕСА, нејзините гласачи и поддржувачи“  рече на денешната прес-конференција Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека разговара со сите политички партии без разлика дали се власт или опозиција, во, како што рече, функција на прифаќање на уставните измени.

-„Ќе сторам се до последен момент да обезбедиме двотретинско мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето, или ќе споделиме задоволство од тоа што е постигнато или ќе ја понесеме одговорноста на целиот фокус што го дадовме на интеграциите, дополни Заев.

Најави дека наредните денови покрај со Касами ќе има средба и со Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Од двајцата како недвојбени поддржувачи на интеграциските процеси на Македонија, рече, очекува сериозност и одговорност.

Извор:НоваТВ