Фатени студенти кои поставиле камера на прозорецот од женските тоалети во „Кузман Јосифовски – Питу“

0
324

Државниот студентски дом Скопје ја информира јавноста дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

„Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом“, информираа од Домот.

Повеќе на:fokus.mk