Првите луѓе на ТАВ Македонија задоволни од направеното во текот на минатата година, која ја оставаат зад себе со сериозни успеси во работата.
– Навистина, задоволни сме од перформансите на македонските аеродроми во 2018 година. Изминатата година беше успешна за скопскиот и охридскиот аеродром во поглед на операциите и воздушниот сообраќај. Нови авиолинии се отворени, а некои авиокомпании ги зголемија своите фрекфенции, додека истовремено на пазарот влегоа и нови авиокомпании, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, во интервју за авијацискиот портал Ex Yu Aviation News.
Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски неодамна објави дека ќе додели еднократна финансиска поддршка во износ од 40.000 евра за секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Авиокомпанијата „Визер“ која ќе добие финансиска поддршка од Владата има обврска да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и тоа: првите две до 26-ти март 2019 година, а останатите две во рок од една година од денот на склучување на Договорот и истите да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива











