Македонија: Минута по полноќ родено првото бебе во новата 2019 година

0
265

Првото бебе родено во новата 2019 година во Република Македонија е машко и родено е во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

„Првото бебе родено е утрово минута по полноќ. Новороденчето е тешко 3,920 килограми, а долго е 52 сантиметри”, соопштија за АА од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар ќе го посетат првото бебе што се роди во Скопје во Новата година, инфомираа од Град Скопје.