„Македонија-Блокира“ согласно утврдените активности за блокади и протести и во внатрешноста на земјата, денес, сабота, ќе блокира и протестира против уставните измени во 40 општини низ Македонија во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Блокадите се уредно најавени во МВР.
„ „Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.
Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.
Повеќе на:fokus.mk










