Иванов: Добив информации дека сум следен јас и моето семејство

0
206

Во годишнито обраќање до Собранието, Иванов кажа и дека до него стигнувале информации дека е следен тој и неговото семејство.

„ Постојано ми стигнуваат информации дека врз основа на усна наредба се врши следење, снимање и прислушување на Претседателот на државата, на членовите на неговото семејство и членовите на неговиот кабинет. Тоа  е само индикатор дека се менуваат системи, влади, министри но, по се изгледа дека УДБА си останува со удбашки методи“ рече Иванов.

Тој кажа дека го потпишал Законот за амнестија за да ги разоткрие вистинските цели и намери на власта и дека ќе било подобро да го послушале во 2017  година кога тој повикал на помирување, простување и на прекин на реваншизмот.

„ Да ме послушавте тогаш, можеби денес ќе имавте помала одговорност“ рече Иванов , и додаде дека сепак имало разлика меѓу неговото помилување кое било за помирување и амнестијата на власта која била со цел да се обезбеди подршка за уставните амaндамни преку уцена.

Физичкото насилство на 27 април, според Иванов, било предизвикано од политичкото насилство. За неговата улога во настаните од 27 април, Иванов негираше дека имало сценарио за воведување на воена или вонредна состојба.

Во однос на Договорот од Преспа Иванов кажа дека  „пропаднатиот рефрендум требаше да значи и крај на процесот“. Со Договорот се негира македонскиот народ, а со договорот со Бугарија се деконструира македонската историја рече Иванов. Тој ги повика пратениците и парламентраното мнозинство да ја отфрлaт преспанската спогодба и  да не гласаат за амандманите за промена на Уставот.