Орце Камчев и Цветан Панделески добија куќен притвор – потврдија од Апелација
„Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 27.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Камчев и Панделески.
Апелациониот суд информира дека за двајцата е определен куќен притвор.
Извори во СЈО за НОВА потврдија дека за Орце Камчев, Цветан Панделевски и Сашо Мијалков, обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор.
Од СЈО велат дека сведоците се сослушани и со тоа престанува да важи опасноста за влијание врз сведоци, а со мерката домашен притвор ќе бидат физички обезбедни.
Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО е поднесен вчера.
Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски.
Освен за обвинетите во „Империја“, побарано е да се замени и мерката притвор во домашен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.
Камчев поднесе жалба и воедно понуди и гаранција од околу 14 милиони евра.
Мијалков понуди гаранција во имот од 1 милион евра. Неговиот адвокат рече дека во текот на утрешниот ден да биде донесена позитивна одлука за неговиот клиент.
Извор:НоваТВ










