Вработените во НП Галичица на протест против одлуката на Владата за нов директор

0
238

Вработените во националниот парк „Галичица“ утрово одржаа протестен собир, на кој искажаа незадоволство од одлуката на Владата за назначување на надворешно лице за нов директор на установата, без конкурс и одлука на Управниот одбор – објави „Телма“.

Тие предупредија дека доколку биде сменет в.д. директорoт ќе биде загрозена обезбедената финансиска помош од меѓународни фондови, со која паркот непречено може да функционира во наредните 10 години.

Со одлука на Владата, за нов директор на НП „Галичица“ назначен е Васко Паскали, по вокација правник и актуелен секретар на ОО СДСМ Охрид.

Дописникот за Телма јавува дека тој со решение денеска дошол на новото работно место, но вработените во установата најавуваат дека нема да ги извршуваат работните задачи се додека не се расветли случајот.

Извор:НоваТВ