Крсто Мукоски и Никола Митровски-Кољо побараа амнестија

0
213

Пратеникот Крсто Мукоски и Никола Митровски-Кољо преку нивните адвокати со обратиле до Кривичниот суд со барање за амнестија, откако во текот на работната недела со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ беше донесен предложениот Закон во Собранието.

Од Судот ја потврдија дека претходно амнестија побарале и Оливер Радулов, вработен во Управата за безнедност и контраразузнавање (УБК) кој ги изнесол хард дискови со материјали од безбедносните камери во Парламентот, и Младен Додевски.

За понеделник се најавени барања за амнестија и од пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски-Нинџа.

Крајниот рок за поднесување на барања за амнестија е вторник (25 декември) по што Судот и Обвинителството до крајот на неделата ќе треба да се изјаснат дали ќе прифатат или ќе продолжат со процесот против обвинетите баратели.