Арнаудов до новинарите: Изјава давам само за 50 евра

0
236

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет во предметот за 27 април, на прашање на новинарите дали ќе поднесе барање за амнестија согласно Законот кој завчера беше донесен во Собранието, рече дека од сега ќе ги наплаќа своите изјави, објави Фокус.

-Изјава давам само за 50 евра – одговори Арнаудов пред да влезе во Кривичниот суд на денешното рочиште за 27 април.

Останатите обвинети рекоа дека ќе се консултираат со нивните адвокати, а пратеникот Сашо Василевски и екс директор на БЈБ, Митко Чавков ги игнорираше новинарите.