Македонски автобус се преврте кај Лесковац – три лица загинаа

0
337

Автобус со македонски регистерски таблички излетал од автопатот во близина на Лесковац – загинале три лица, четири лица се тешко повредени, а уште најмалку триесетина се во болниците во Лесковац и Ниш.

РТС јави дека автобусот патувал од Прилеп кон Виена. Во Лесковац синоќа врнел дожд, па се претпоставува дека причина за несреќата може да биде и лизагавиот коловоз.

Екипи за спасување стигнале од Ниш и Лесковац. Пожарникарите и механизирани екипи се обидуваат да го кренат превртениот автобус за да водат дали под него има повредени или загинати лица.

Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на черепот и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.

14 лица се со лесни повреди и ќе бидат вратени во Македонија.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, но не е соопштено која е причината за несреќата.

Извор:НоваТВ