Два рускиот стратешки бомбардер Ту-160, еден Ан-124 и еден Ил-62 слетале во Венецуела, објави вчера руското Министерство за одбрана а летот го извршиле над Баренцовото Море и Норвешкото Море, преку Атлантскиот Океан и Карибското море, вкупно прелетувајќи повеќе од 10 илјади километри. Во одредени делови од летот биле следени норвешките ловци F-16. Пристигнувањето на авионите при слетувањето во Венецуела, биле пречекани и поздравени од министер за одбрана, генерал Владимир Падрино Лонес и претставник на Руската амбасада.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изрази надеж дека слетувањето на руските авиони на венецуелските аеродроми ќе продолжи, како и предавањето на руските воени бродови на тамошните пристаништа. “… тоа е од корист и за Венецуела и Русија”, истакнал Шојгу при средбата со својот венецуелски колега.
Од друга страна, американскиот Пентагон пристигнувањето на руски стратешки бомбардери во Внецуела г нарекува “провокативни вежби”, додека Washington Free Beacon пишува дека ова е седми пат кога Ту-160 лета во Јужна Америка во изминатите три месеци.
Марк Шнајдер, поранешен официјален претставник на Пентагон и руски експерт за оружје, изјави дека бројот на “провокативни летови” Ту-160 се зголемил. Еден од нив, според неговите, зборови бил и “инцидентот покрај Норвешка” на крајот од октомври, кога британските и норвешките ловци над Баренцовото Море ги прателе руските бомбардери. Тој додаде дека руските бомбардери Ту-169 и Ту-95 исто така биле користени за време на неодамнешните воени вежби во Средоземното Море и Северниот Пол. Во тоа време, руското Министерство за одбрана потврди дека нивните бомбардери Т-95МС над неутралните водите над Арктикот (Северниот леден океан, Берингово Море и Океанското Море), биле пратени од американските ловци Ф-22.
Пентагон, исто така, објави дека ќе продолжи да ги следи летовите на Ту-160 заради нивната способност да лансираат крстосувачки ракети со нуклеарно оружје по американски цели.
Овој развој на ситуацијата не е ништо алармантно, имајќи предвид дека американските стратешки бомбардери, исто така, спроведуваат летови близу до руската граница. Ова беше случај со воените вежби во балтичките држави, кога суперсоничните стратешки бомбардери Б-1Б се приближија кон руските граници.











