Со Бугарија е веќе постигнат Договор за пријателство, а со подадената рака двете држави си признаваат дека дел од историјата е и заедничка. Но, и самиот Договор дава можности за меѓусебно да се почитуваат двете страни, истакна премиерот Зоран Заев на денешнава дебата за уставните измени во Штип прашан од граѓаните за најавите за оспорување на членството на Македонија во ЕУ од страна на лидерот на бугарската националистичка партија, Красимир Каракачанов.
Заев рече дека очекува европските вредности да бидат прифатени од сите.
-Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право. Тоа е европска вредност.
Повеќе на:fokus.mk








