Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.
– Врнежи од снег во раните утринските часови се бележат на Попова Шапка, Страцин, планинскиот премин „Стража“ и во Маврово. Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на планинскиот премин „Стража“, информриаат од АМСМ.

„Стража“ ноќеска фото: читатели на OhridPress
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.
Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2019 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: ОхридПрес











