Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека владината коалиција потрошила многу енергија за Преспанскиот договор на прашањето на Радио Слободна Европа дали го дели впечатокот дека некои работи паднале во втор план за сметка на решавање на проблемот за името.
“Оваа коалиција навистина многу енергиja потроши во насока на менаџирање на овој процес во насока на почитување на Преспанскиот договор – речиси сиот капацитет на политичките партии, на Владата на Република Македонија, целосниот ангажман е овој процес да се спроведе, затоа што е еден многу важен процес, е еден неповторлив процес, т. е. овој е еден решавачки момент дали Република Македонија ќе се придвижи во добра насока, или ќе тапкаме во место. Ако останеме да тапкаме во место, тапкањето во место има непредвидливи последици за нас како држава, но и за регионот. Така, проблемот, решавање на овој проблем, спроведувањето на Договорот, или пак неспроведувањето на Договорот – за кое јас и не би сакал да го помислам, неспроведувањето на Преспанскиот договор – има последици за целиот регион, но има придобивки и целиот регион во насока на инсталирање на мирот, безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија”, вели тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
За процесот на уставните измени тој вели дека во него има “еден немир, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, да не се создаде јавното мнение дека ова е еден процес кој веќе е затворен и дека е завршен. Овој процес се уште е во развој и треба сите државни институции, законодавни институции, институциите кои ги спроведуваат законите, да бидат внимателни, да го чуваат од некоја надворешна инфламација, затоа што лесно може да се загрози имунитетот на овој процес”.
Ахмети мисли дека не треба да има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските:
“Ние треба да ги спроведеме и материјализираме задачите, обврските, програмите кои ги имаме, било како Влада, било како политички партии кои партиципираме во коалицијата и мислам дека за земјата ќе беше покорисно ако се оди на редовни избори и да стигнеме со успех да ги завршиме изборите за Претседател на државата што подобро и да најдеме заеднички јазик овој процес да го менаџираме заедно”, вели тој.
За бегството на Груевски, Ахмети вели дека не очекувал тој да замине од државата и очекува тој самиот да даде повеќе објаснувања за постапката.
Целото интервју можете да го погледнете тука.










