(Фото/Видео) Напнато во Париз: Во судир со демoнстрантите, полицијата употребува солзавец

0
180

Денеска во Париз се одржуват протестите на „Жолтите елеци“, кои траат секој викенд од средината на ноември и кои ја принудија Владата на Емануел Макрон да се откаже од плановите за зголемување на данокот на гориво, јавува Anadolu Agency (AA).

Францускиот премиер Едуард Филип, во изјава за медиумите соопшти дека за време на протестите на „Жолтите елеци“ во Париз се приведени 481 лице, додека 211 лица се притворени.

Филип, во изјава за медиумите, истакна дека бројот на приведените во протестите се искачи на 481 лице, додека 211 лица се притворени. „Жолтите елеци“, кои протестираат против покачувањето на цените на горивата и лошите економски услови, од утринските часови почнаа да доаѓаат на авенијата „Елисејски полиња“.

Полицијата, по извршените контроли, им дозволи влез на демонстрантите на авенијата. Одвреме-навреме настануваат тензии меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата со солзавец почна да интервенира врз „Жолтите елеци“.

Во Париз за денес се ангажирани 8.000 полицајци, а одредени се и 14 сектори од висок ризик кои ќе бидат исчистени. Меѓу останатото, затворени се многу музеи, како и познатата Ајфелова кула.

Во целата земја ќе бидат мобилизирани 89.000 полицајци, што е значително повеќе од 65.000, колку што беа минатиот викенд. Тогаш беа повредени над 130 лица и уапсени повеќе од 400 во најлошите улични немири во Франција во последните неколку децении.

Од почетокот на протестите на „Жолтите елеци“, во нередите загинаа 3 лица, додека 1.043 се повредени, а 1.424 уапсени.