Бидејќи наскоро можеби на ред ќе дојде нешто слично и во Собранието на Република Македонија со недвоумеење ја пренесување веста од Тајван и реакција на нивните западни “пријатели”.
Западот е шокиран од одбивањето на жителите на Тајван да го легализираат истополовиот брак. На референдумот за легализација на браковите од ист пол, населението на Тајван неочекувано ја отфрли оваа “либерална” иницијатива на актуелната влада, која ги следи западните трендови.
Шокот на западните “либерали” е уште поголем ако се земе предвид дека властите во Тајван, кои се силно под влијание на американските “вредности”, со својата сила сакаа да влезат во редовите на “прогресивните демократии на светот”.
Официјалниот претставник на локалната власт, Колас Јотака, морала дури да се правдата за неуспехот на референдумот, велејќи дека прашањето за референдумот “беше предмет на добро финансирана и организирана кампања предводена од конзервативни христијани, а нивната кампања била обележана со дезинформации што се ширеа преку Интернет”, пренесе Њујорк тајмс.
Без оглед на сè, повеќето луѓе во Тајван бараат традиционалното семејство да биде зачувано како единствена легитимна и природна форма на врска меѓу различните пола.
Прашањето на референдумот било: “Дали сте брак да биде само помеѓу маж и жена?”. Седум милиони луѓе одговориле позитивно, додека само три милиони “прогресивни либерали” одговорија негативно.
“Њујорк тајмс” пишува дека на Тајван на референдумот во саботата се одговарало на 10 прашања, иако акцент се ставал само на ова.
“Одговорот на жителите ја поткопа репутацијата на Тајван како едно од најнапредните општества во Азија и резултатот налути многу млади тајванци и ненамерно му помогна на тврдењата на Пекинг дека Тајван е географски, културен, историски и цивилизациски дел од територијата на Кина”, заклучува Њујорк тајмс.
Извор:NYT










