(Видео) Демонстрантите во Франција ја пронајдоа “Ахиловата пета“ на меинштрејм медиумите кои манипулираат со народот

by Administrator

Протестите во Франција против зголемувањето на цените на горивото траат неколку недели. Овие протести ги следат и медиумски манипулации од делот на политиката и главните медиуми на кои не им е грижа за вистината. Вистината се крие и деформира, а што на малиот човек не му поминува. Граѓаните не само што чувствуваат, туку денес и јасно гледаат кој е одговорен за поголемиот дел од злото кое ги опкружува, а што ги натера да реагираат за нас на несоодветен, но разбирлив начин.

Граѓаните веќе не сакаат “помош” од главните мејнстрим медиуми и новинари. Обичниот човек речиси ги изгуби речиси сите можности за влијание врз политичките, економските и социјалните настани. Политичките претставници ги лажат штом изборите завршат. Медиумите, како четврта сила која треба да бидат контролирана од законодавната и извршната власт, како и судството, се еутанизираа. Тие својата моќ ја претворија во опортунистичко служење.

Француските демонстранти, свесни за ситуацијата, одлучија јасно да му кажат НЕ на медиумите кои ги сметаат за одговорни за неодговорното и неконтролирано однесување на политичките власти и мултинационалните корпорации.

Секое присуство на мејнстрим медиумите и новинарите на протестите кај францускиот демонстрант, гледач и читател предизвикува револт и гадење. Новинарите на Меинстрим медиумските, креаторите на Fake News  (лажни вести) веќе не се пожелни и на никого не им треба нивната “помош”.

“Медиумите ја палат камерата само кога станува збор за инцидент а се гасат кога мирно протестираме, создавајќи лажна слика за нас и протестите”, објаснува еден француски демонстрант.

https://youtu.be/dY6Dv0ELF6w

Со попречување на “работата” на главните медиуми и новинарите, демонстрантите одлучија да ја сопрат манипулацијата. Се повеќе ги прекинуваат директните јавувања  а на екипите на Меинстрејм новинарите не им дозволуваат да известуваат и да зборуваат во нивно име. Тие ги гаѓаат со јајца или ги тераат. Тие ги нарекуваат корумпирани медиуми.

 

Граѓаните сфатија дека со соработката и изјавите кои ги даваат на мејнстрим медиумите и одмагаат себе си и на своите барања.

Ние не го поддржуваме попречувањето на новинарите и медиумите, но исто така сметаме дека новинарството одново повторно треба да стане четврта сила во едно општество кое се стреми кон просперитет и благосостојба на граѓаните, бидејќи на крајот тие медиуми ги финансираат сите. Со манипулациите и лажните вести, медиумите ја сечат гранката на која седат.

Компилација на попречување на новинари, кои, според демонстрантите, создаваат лажна слика за општествени настани:

https://youtu.be/8HnLNL4fYqI

Граѓаните се чудат на лажното известување на новинар на BFMTV – после што следи реакција:

https://youtu.be/eAxAhJ4ZyqI

Попречување на работата на новинар на Canal+со извикувања “Корумпирани медиуми”

Новинарка измислува (лаже) дека демонстрантите фрчаат молотиви коктели, на што еден демонстрант ја предупредува:

https://youtu.be/UopEHUpHNM0

You may also like