Од Турција во БиХ пристигна хуманитарниот конвој за помош на мигрантите

by Administrator

Конвојот со хуманитарната помош на Хуманитарната организација на Турската Црвена полумесечина пристигна во Босна и Херцеговина, станува збор за помош за мигранти кои се сместени во привремени кампови откако не успеаја да ја преминат границата со Хрватска, објави агенцијата Анадолу (АА).


Црвената полумесечина со години врши активности во Босна и Херцеговина и овој пат спроведува кампања за поддршка за подобрување на условите за мигранти.
Девет камиони со хуманитарна помош беа испратени во Босна и Херцеговина од Истанбул и Киркларија, која че биде значајна со оглед на претстојните зимски услови.
Координаторот на Црвената полумесечина, Горкс Енигул, изјави дека хуманитарната кампања е организирана по барање и во соработка со Црвениот крст на Босна и Херцеговина.

Тој изјавил дека во камионите се наоѓа зимска опрема планирана за 6.000 луѓе.
Истакнувајќи дека до сега слична помош во БиХ не пристигнала, Енигул истакнал дека Црвената полумесечина помогнала во грижата за мигрантите.
Станува збор за 22 големи шаторски крила, 300 шатори од различни големини, 10.000 ќебиња, илјада кујнски сетови и две мобилни кујни. Мигрантите исто така ќе добијат и зимска облека.

Истакнувајќи дека до сега слична помош во БиХ не пристигна, Енигул рече дека Црвената полумесечина помогнала во грижата за мигрантите.
Генералниот секретар на Црвениот крст на БиХ, Бранко Леко, изјавил дека хуманитарната помош од Турција е многу важна, додавајќи дека помошта ќе им биде обезбедена на мигрантите во кампови во Бихаќ, Велика Класласа, хотел “Седра”, Сараево и Мостар.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Намик Хоџиќ, изјавил дека помошта е важна за мигрантите кои, веројатно, ќе ја поминат зимата во БиХ.
“Ние ќе продолжиме со соработката со Турција и разменуваме знаења и искуства од областа на грижата за мигрантите”, надополнил Хоџиќ.

You may also like