Протестите во Франција против зголемувањето на цените на горивото траат неколку недели. Овие протести ги следат и медиумски манипулации од делот на политиката и главните медиуми на кои не им е грижа за вистината. Вистината се крие и деформира, а што на малиот човек не му поминува. Граѓаните не само што чувствуваат, туку денес и јасно гледаат кој е одговорен за поголемиот дел од злото кое ги опкружува, а што ги натера да реагираат за нас на несоодветен, но разбирлив начин.
Граѓаните веќе не сакаат “помош” од главните мејнстрим медиуми и новинари. Обичниот човек речиси ги изгуби речиси сите можности за влијание врз политичките, економските и социјалните настани. Политичките претставници ги лажат штом изборите завршат. Медиумите, како четврта сила која треба да бидат контролирана од законодавната и извршната власт, како и судството, се еутанизираа. Тие својата моќ ја претворија во опортунистичко служење.
Француските демонстранти, свесни за ситуацијата, одлучија јасно да му кажат НЕ на медиумите кои ги сметаат за одговорни за неодговорното и неконтролирано однесување на политичките власти и мултинационалните корпорации.
Секое присуство на мејнстрим медиумите и новинарите на протестите кај францускиот демонстрант, гледач и читател предизвикува револт и гадење. Новинарите на Меинстрим медиумските, креаторите на Fake News (лажни вести) веќе не се пожелни и на никого не им треба нивната “помош”.
“Медиумите ја палат камерата само кога станува збор за инцидент а се гасат кога мирно протестираме, создавајќи лажна слика за нас и протестите”, објаснува еден француски демонстрант.
https://youtu.be/dY6Dv0ELF6w
Со попречување на “работата” на главните медиуми и новинарите, демонстрантите одлучија да ја сопрат манипулацијата. Се повеќе ги прекинуваат директните јавувања а на екипите на Меинстрејм новинарите не им дозволуваат да известуваат и да зборуваат во нивно име. Тие ги гаѓаат со јајца или ги тераат. Тие ги нарекуваат корумпирани медиуми.
Граѓаните сфатија дека со соработката и изјавите кои ги даваат на мејнстрим медиумите и одмагаат себе си и на своите барања.
Ние не го поддржуваме попречувањето на новинарите и медиумите, но исто така сметаме дека новинарството одново повторно треба да стане четврта сила во едно општество кое се стреми кон просперитет и благосостојба на граѓаните, бидејќи на крајот тие медиуми ги финансираат сите. Со манипулациите и лажните вести, медиумите ја сечат гранката на која седат.
Компилација на попречување на новинари, кои, според демонстрантите, создаваат лажна слика за општествени настани:
https://youtu.be/8HnLNL4fYqI
Граѓаните се чудат на лажното известување на новинар на BFMTV – после што следи реакција:
https://youtu.be/eAxAhJ4ZyqI
Попречување на работата на новинар на Canal+со извикувања “Корумпирани медиуми”
Новинарка измислува (лаже) дека демонстрантите фрчаат молотиви коктели, на што еден демонстрант ја предупредува:
https://youtu.be/UopEHUpHNM0
