Средба на Џафери со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати за Македонија

0
173

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати за Република Македонија, Сагер Насер Ахмед Абдулах Алраиси.

Претседателот Џафери изрази задоволство од воспоставените дипломатски односи, кои датираат уште од 1996 година под уставното име на земјата.Image may contain: 2 people, people smiling, people standing and suit

Во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ се вели дека Џафери истакнал дека како претседател на Собранието ја поттикнува пратеничката група за соработка со земјите од Блискиот и Средниот Исток во Собранието да воспостави комуникација со соодветните парламенти, и да ја иницира парламентарната дипломатија.

„На мултилатерален план соработката во меѓународните организации и во системот на ООН е добра, и често се поддржуваат меѓусебните кандидатури, а Република Македонија во оваа насока, традиционално го поддржува кандидирањето на ОАЕ во рамките на телата и органите на меѓународните организации“, нагласил Џафери.

Од друга страна, амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Сагер Алраиси, изразил силна поддршка за Република Македонија истакнувајќи го бенефитот од членството во Европската Унија и НАТО за малите земји, како и предностите кои ги имаат земјите полноправни членки на овие организации.

Се истакнува дека амбасадорот упатил покана до Џафери со делегација да ги посетат Обединетите Арапски Емирати и нивниот парламент, нагласувајќи дека со оваа покана ќе се интензивираат билатералните односи помеѓу двете земји.

Џафери и Алраиси се согласиле дека унапредувањето на односите меѓу двата парламента во наредниот период треба да се интензивира и да се продлабочи во повеќе области како што се образованието, економијата, животната средина и во други области од заемен интерес.