Почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата

0
342

По кусо и тешко боледување денеска на 65 годишна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

На локалните избори во 2017 година, Љата по втор пат беше избран за градоначалник на Дебар.

Љата беше роден 1953 година во Дебар, средно образование заврши на медресето „Алаудин“ во Приштина, а дипломираше на Филолошкиот факултет во Приштина на отсекот ориентални јазици каде и магистрирал.

Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Унверзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици.

Пред да биде избран за градоначалник на Дебар, во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтство.