Унгарски медиуми: Донесена е одлука за барањето за азил на Груевски

0
280

Канцеларијата за имиграции и азил донела одлука за барањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за политички азил во Унгарија, објавуваат претпладнево унгарските медиуми, пренесе МИА.

Повеќето медиуми ја пренесуваат веста на „Хунгариан Тајмс“, кој повикувајќи се на владини извори и на извори во Канцеларијата за имиграции и азил, извести дека одлуката за барањето на Груевски е донесена по скратена постапка. Не се прецизира дали барањето е прифатено или одбиено.

Министерката за правда не знае дали Груевски добил азил во Унгарија.

-Знам дека постапките за азил траат долго. Не знам, можеби тие спровеле некоја брза постапка, изјави Десковска образоложувајќи дека Македонија ќе го достави барањето за екстрадиција денеска или најдоцна утре.

Извор:НоваТВ