СТРУГА: Кривична за три лица „несовесно работење во службата“

0
556

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 49-годишниот Н.С. од дебарското село Мал Папрадник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

– Кривични заработија и 51-годишниот М.А. од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „несовесно работење во службата“ и 23-годишниот А.К. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување и уништување деловни книги“. Првопријавениот, како референт во ЈП „Македонски Шуми” – МШ Стогово, му овозможил на второпријавениот неовластено да обележи 24 метри кубни бука, по што третопријавениот, како управител на приватна фирма, и покрај тоа што знаел дека наведената количина на дрва е незаконски обележана, издал испратница за транспорт, информираат од МВР. (Крај)

извор: Охридпресс/МВР фото: архива