Веднаш по неговото враќање од Париз, каде што присуствуваше на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна и се сретна со многу колеги од европските сојузнички земји, американскиот претседател Доналд Трамп повторно го изрази своето незадоволство поради премногу ниското воено трошење на американските партнери во Пактот на НАТО.
“Време е овие богати земји повеќе да му плаќаат на САД за нашата одлична воена одбрана или самите да се бранат”, изјави Трамп, а пренесе USA Today”.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп во Европа беше критикуван за принципот на надворешна политика на неговата земја, лидерот на Белата куќа го повтори недостатокот на поддршка за пактот на НАТО и трошоците што САД ги има за воена соработка со Европа, пишува денеска USA Today.
“Штотуку се вратив од Франција, каде што за време на моите состаноци со светските лидери постигнав многу”, напишал Трамп на Твитер, враќајќи се од прославата на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.
“Секогаш е тешко да се нагласи фактот дека со САД во воената и комерцијална треба да се постапува чесно, ама тоа не се случува “, додал, Трамп.
Тој повика на “слободната и фер трговијата” да се комбинира со зголемување на трошоците за одбраната.
“Време е овие многу богати земји да му плаќаат на САД повеќе за нашата одлична воена одбрана или да се бранат сами”, напишал американскиот лидер на Твитер.
Без да ги спомене земјите на кои тој конкретно мисле, Трамп изјави дека на светските лидери им рекол дека: “Оваа ситуација не може да продолжи”.
Трамп уште до влегувањето во Белата куќа се бореше со НАТО “сојузниците” и повеќе пати се спротивставуваше на американските трошоци во Северноатлантскиот сојуз. Тој ги повика Европските земји првенствено да се посветат на овој обединет одбрамбен систем, додека пак со францускиот претседател имал не баш многу пријателска дискусија за изјавата на Макрон дека треба да се основа армија на ЕУ.
Последната изјава на американскиот претседател на оваа тема дојде кратко време по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, која повика на создавање на воени сили на ЕУ, независна од САД, заклучува USA Today..
Извор:USA Today











