Палестинските групи соопштија дека е постигнат прекин на огнот во Газа.
Во изјавата на Заедничкиот штаб на палестинските групи на отпорот, кој го сочинуваат групите како Хамас и движењето Исламски џихад, се вели дека со посредство на Египет, било постигнато примирје со Израел.
Се додава дека овие групи ќе го почитуваат прекинот на огнот се додека Израел го почитува тоа.
Палестинскиот лидер на Хамас, Исмаил Хание, претходно изјави дека може да има прекин на огнот ако Израел ги прекине нападите врз Појасот Газа.
Потсетуваме, Министерството за здравство во Газа соопшти дека во израелските напади, кои траеја од минатата ноќ, седум лица загинале, а 25 Палестинци се повредени. Во возвратниот оган на палестинските групи, загинало едно лице, а повеќе од 50 Израелци биле повредени.
Во текот на минатата ноќ израелските бомбардери извршија жестоки напади во разни делови на блокираната палестинска енклава во Газа. Целта на нападот била полициската станица, двете седишта на движењето Исламски џихад и зградата на телевизијата Ал-Акса. Израел започна со воздушни напади по наводните ракетни напади од појасот Газа.
Обединетите нации (ОН) повикаа на прекинување на конфликтот во Газа.
