Мицкоски: Груевски е невин, против него деновиве се случува хајка

0
199

На оваа власт ќе и се случи народ, Македонија го живее своето најцрно време, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Курир“. На обвинувањата од власта дека е антизападен и дека неговите политики ја водат партијата во изолација, Мицкоски одговара дека на тој начин власта се обидува да го сврти вниманието од Договорот потпишан во Преспа.

-Сите тие напади против мене треба да се „ДИМНА ЗАВЕСА“ од која нема да се види вистинската слика. Погледнете додека тие лажат дека сум бил антизападен, да ме престават изолиран и слично, тие го продаваат името, ама тоа му доаѓа како она во рекламите, купите два сока, третиот доаѓа гратис. Па не само што го продаваат името, идентитетот, па и одлуките на АНСОМ ги бришат, а го воведуваат рамовниот договор. Тука не е прашањето дали јас сум антизападен или не, јас Русија само на карта сум ја видел, прашањето е што Заев го продава името на шверцерски начин – вели Мицкоски.

Според него Груевски е невин и случајот против него е монтиран. Мицкоски додава дека во предметот „Тенк“ нема финансиска штета, а Владата продолжува да го користи мерцедесот.

-Погледнете каква хајка се случува во последниве неколку дена, колку оркестирирани од власта нарачки излегуваат во дел од медиумите, невистини шпекулации, нечовечко ликување кое треба да го потхрани егото на неколкумина од власта, жедни за спектакли кои треба да ги покријат останатите прашања. Па ќе нарачаат текстови за тоа како го виделе автомобилот на Груевски пред Шутка, па тргнал или не тргнал, па започнаа да вмешуваат делови од приватниот живот, едноставно тоа се претвори во тема со која се изживува власта за да се покрие нивната неспособност на сите други теми и области – вели Мицкоски.

Според него во земјава нема вистинска борба против криминалот, затоа што, како што вели, криминалци владеат со неа.

Мицкоски ги коментира мерките на властите за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Според него со налепниците за еколошки стандарди, со автомобил ќе можат да се возат само богатите.

Повеќе на: fokus.mk