Последен обид за Груевски да го прими решението- следно е приведување

0
213

Судот денеска ќе направи уште еден обид да му го достави на Никола Груевски решението со кое се одбива неговата жалба на одлуката да не му се дозволи одложување на затворската казна. Но доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување од МВР или распишување на потерница.

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.

Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

-Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, веќе во вторник следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење, што е во согласност со судската пракса, велат од судот.

Претходно, како опција се споменуваше решението да му биде предадено на Груевски доколку се појави на рочиштето за предметот „Титаник“, но тоа наместо за денеска е презакажано за в среда.

Независен, пишува дека неговите адвокати денеска ќе се повикаат на вонредниот правен лек кој се уште не доставен до Врховниот суд и на одлуката на Комисијата за дискриминација дека Груевски бил дискриминиран.

Куририте од Кривичниот суд во петокот веднаш по одлуката на Кривичниот совет три пати се обидоа да го најдат Груевски за да му го достават решението. Тој оттогаш не се огласи во јавноста, ниту преку социјалните мрежи каде често ги искажува ставовите.

Извор:НоваТВ/Фото:МИА