Села: Никој со грам мозок не би поддржал амнестија за 27 април

0
179

Лидерот на Алијанасата за Албанците, Зијадин Села во емисијата „200“, на АЛСАТ-М, рече дека поважно од Охридскиот договор што се вметнува во преамбулата на Уставот е првата реченица од преамбулата која, како што оценува Села, ја дели едната етничка заедница од другите

„…Се вели дека граѓаните на Македонија, македонскиот народ и другите граѓани кои живеат… значи ние само живееме во Македонија, дека немаме иднина. Ова се елементи кои треба да се променат во Уставот и да се наредат народите без поделба на некоја заедница од друга заедница туку после запирката сите народи да бидат еднакви и зборот што се употребува од 2001 година, но можеби и од 1991 година во Македонија е дека Македонија е мултиетничко општество. Ние ќе побараме во преамбула да се вметне и овој збор. Мултиетничка држава. Затоа што ова е реалноста на Македонија“, рече Села.

-Неколку пати сме рекле, не дека ние не би поддржале, туку нема да поддржи ниту еден политичар. Било надворешен, меѓународниот фактор, земјите на ЕУ…, да се опрости настан како што беше 27 април, никој кој има грам мозок не би поддржал амнестија на дело тероризам, рече Села.

Извор:Alsat-M/Fokus.mk