Американските ракетни одбранбени системи што се користат во Романија и Полска лесно можат да се претворат во офанзивни системи, пишува американскиот Поморски истражувачки институт (USNRI).
Експертите во Американскиот институт разговарале со Абрахам Денмарк, кој во моментов го предводи азискиот оддел на научниот центар Вудро Вилсон, а кој претходно работел во Пентагон.
Според експертот, конверзијата на системи во базите во Романија и Полска, каде што се инсталирани анти-ракетни системи за одбрана од ирански балистички ракети, многу лесно стануваат офанзивно оружје против Русија. Треба да се има предвид дека воздушните и поморските проектили лансирани од НАТО пактот ги комплицираат руските одбранбени планови за одбивање на нападите од европскиот простор.
Абрахам Данмарк признава дека оваа модификација на лансерите го прекршува договорот за отстранување на проектили за средно и блиско растојание.
Во октомври, американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи ја Русија за кршење на договорот и акумулацијата на ова оружје во Кина, објави повлекување на САД од договорот за ИНФ. Советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон, кој неодамна ја посети Москва, по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, ги потврди плановите на Трамп. Како одговор на најавата на САД за можно повлекување од билатералниот договор, Руската федерација соопшти дека тука ја препознала заканата од нова трка во вооружување и го одобрила усвојувањето на одмазднички мерки, чијашто специфична содржина сè уште не е објавена.
Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, соопшти дека Москва нема да го повтори лошото искуство на Советскиот Сојуз.
Договорот го забранува учеството на соучесниците во производството, тестирањето и имплементацијата на балистичките проектили од среден дострел од 1.000 до 5.500 километри и краток опсег од 500 до 1.000 километри, а САД и Русија ветија дека ќе ги отстранат соодветните лансери, што е направено.
Договорот INF е чисто од билатерална природа и ги вклучува САД и поранешниот Советски Сојуз, а со тоа и Украина, Казахстан, Белорусија и Русија, но не и Кина.
Како што потврди американскиот Поморски институт, распоредувањето на ракетениот лансер Мк-41 во Романија и Полска се смета за сериозно кршење на договорот за ИНФ, бидејќи од нив можат да се лансираат проектили РИМ-161 Standard Missile 3, но исто така и крстосувачки ракети Томахавк до 2500 километри, што може да достигне која било цел во европскиот дел на Русија.
САД ја обвинуваат Русија дека го крие вистинскиот капацитет на против-ракетениот крстосувачки проектил 9M729 и системот Искандер-М, што представува копнена верзија на ракетата “Калибар-НК” до 1400 км. Пентагон верува дека копнените проектили имаат дострел до 5500 километри, а не 500 километри, како што тврди руското Министерство за одбрана.
Неодамна, Владимир Путин даде до знаење што мисли за сето ова, а тоа можете да го проследите на долу приложеното видео.
Извор:logicno










