Катар, Саркози, ПСЖ, УЕФА….неверојатни откритија поврзани за фудбалските афери

by Administrator

Штотуку гром го погоди светот на фудбалот и политиката. Францускиот интернет медиум Медијапарт открива неколку непријатни врски со политиката, спортот и кршењето на правилата. На пример, Мишел Платини му помогнал на ПСЖ да ги скрие финансиските неправилности.

“Не постои таен договор, сè што е направено беше транспарентно”, изјави за АФП, заменикот на извршниот директор на Париз Сен Жермен (ПСЖ), Жан-Клод Блан, обвинет за покачување на цените и прикривање на сопствените приходи, благодарение на “фиктивни договори под покровителство на УЕФА, e “, а што беше објавено на 2 ноември на веб-страницата на Медијапарт.

Конзорциумот на новинари, чиј член е Медијапарт, соопшти дека Катар, сопственикот на ПСЖ , наводно во клубот убризгал 1,8 милијарди евра од 2011 година на криминален начин, вклучувајќи 1,35 милијарди “по пат преку преценети спонзорски договори и преку акциски позајмици. Станува збор за финансиски допинг, која беше забранет од реформата на тогашниот претседател на УЕФА Мишел Платини во 2010 година. Всушност, ферл плеј -Fair Play- финансирањето (FPF) им забранува на клубовите трошење повеќе од уприходите. Санкции за слично однесување може да варираат од едноставна вина до исклучување од натпреварувањето.

Целта беше да се забрани клубскиот дефицит со цел да се контролира инфлацијата на трансферите и платата на фудбалерите. Mediapart додаде дека FPF, исто така, има за цел “да спречи различни емири, олигарси и други милијардери да ја прекршат конкуренцијата со субвенционирање на клубовите губитници”. Сепак, Катар инвестира вложува многу во ПСЖ. Масовно ангажира ѕвезди, зголемувајќи ги нивните приходи, со што ПСЖ почнува да функционира со дефицит. За да ги покрие овие загуби, ПСЖ потпишува “договори” со спонзори на кои им испраќа сметки со многу повисоки износи од спонзорството, вклучувајќи ја Катарската Канцеларија за туризам.

Сепак, УЕФА многу добро знае какви трансакции станува збор. Постојат тајни преговори помеѓу ПСЖ и УЕФА кои завршуваат со “пријателски договор”. Се чини дека сите страни продолжуваат да работат против правилата и дека вистината не ја гледа светлината на денот. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, го предупреди Мишел Платини дека “нема интерес да го напаѓаат Катар преку ПСЖ”. Медијапарт се запрашал дали тоа било алузија на Лорент Платини, синот на Мишел, кој бил ангажиран во подружницата Катар Спорт Инвестментс.

УЕФА, преку три од нејзините шефови, Мишел Платини (претседател помеѓу 2007 и 2015 година), Џианнија Инфантиаа (генерален секретар помеѓу 2009 и 2016 година) и Александар Чеферин (претседател од 2016 година), кои цело време беа упатени во разно-различни- разни финансиски малверзации во ПСЖ и Манчестер Сити, свесвно ги сокривале горенаведените неправилности. Францускиот клуб ПСЖ е во сопственост на Катар, а главен инвеститор на англискиот клуб доаѓа од Обединетите Арапски Емирати.
Конечно, по неколку состаноци и преговори, ПСЖ беше малку санкциониран. Првично, тој се закани дека ќе биде исклучен од европските спортски натпревари, ама во 2014 УЕФА му наметне само парична казна од 20 милиони евра. Mediapart споменува голем број други сомнителни дела кои покажуваат дека УЕФА му дала предност на парите и интересите на Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Дали Саркози е вклучен во оваа афера?

Наодите покажуваат дека поранешниот француски претседател Никола Саркози бил посредник во купувањето на ПСЖ во 2011 година помеѓу Катар и поранешните сопственици на клубот, а од друга страна, тој се посредувал меѓу Катар и УЕФА, преку Мишел Платини, за Катар да ја добие организацијата Светското првенство фудбалско првенство во 2022 . На крајот, тоа е она што и вслушност се оствари.

Во 2014. Никола Саркози, исто така, ја одигра улогата на медијатор меѓу УЕФА и Манчестер Сити, главно во сопственост на Обединетите Арапски Емирати, кој беше обвинет за финансиски допинг и можна закана од исклучување од натпреварувањата. Откако го прифати “пријателскиот договор за спогодна“ , Џани Инфантино како што се известува испратил е-маил до претседател на англискиот клуб, Калдон Ал Мубарак, со копија од е-маилот испратен до Никола Саркози.

“Се разбира, сето ова мора да остане меѓу нас тројцата”, напишал Џианини во тој емаил.

You may also like