Русија се подготвува за воспоставување на најголем центар за извоз на пченица на Блискиот Исток

0
241

Сирија планира да развие своја инфраструктура за транспорт на руската пченица во земјите од Блискиот Исток, додека Русија ќе го гради најголемиот трговски центар за жито во земјата, соопшти сирискиот министер за транспорт.

Русија ќе го создаде најголемиот сириски центар за извоз на пченица и други житни култури на Блискиот Исток, изјавил за Спутник, сирискиот министер за сообраќај и транспорт Али Хамуд.

“Се договоривме со руската влада во скора иднина да изгради центар за извоз на руска пченица во Сирија во блиска иднина, не само во Сирија, туку и во другите земји од регионот. Ова создава потреба за проширување на пристаништата во Сирија и создавање залихи со цел да се прифати што е можно повеќе руски пченица “, продолжува министерот.

Се прашувате зошто за ова зборува сирискиот министер за транспорт ? Сирија за прифаќање и дистрибуција на руски житни култури треба да изгради транспортна инфраструктура за да обезбеди дистрибуција на пченица во соседните земји.
“Потребна е железничка пруга, патишта и се што ќе биде дел од проект кој, како што се надеваме, наскоро ќе почне да се реализира”, заклучи министерот.

Во последните пет години, руското земјоделство направи значително зголемување на производството на пченица. 2017. Русија собрала 135 милиони тони жито, надминувајќи го рекордот од 1978 година, кој изнесуваше 127,4 милиони тони за време на СССР. Во 2018 година, се очекува дека жетвата ќе надмине 100 милиони тони, но тоа нема да го урне рекордот во 2017 година.

Извор: Sputniknews