Беса се заканува со неуспех при гласањето за уставните амандмани: Владата нема доволен број гласови

0
229

Владата нема доволен број на гласови, така да е обврзана да ја земе предвид и волјата на оние кои не се во владата, велат од Канцеларија за односи со јавноста на Беса, по однос на нивната иницијатива за уставни измени со кои албанскиот јази уставно би се дефинирал како втор официјален јазик во Македонија.

„Имајќи во предвид дека последните денови слушаме изјави од претставници на владеачките партии кои сакат да ја замајат јавноста кажувајќи дека нема процедурални можности за предлог амандманите на Движењето Беса да бидат дел од предлогот, сакаме да ги дадеме седните објаснувања:

Гласањето за уставните промени во парламентот е прашање на договор меѓу политичките субјекти. Иако предлагач е владата што ја сочинуваат СДСМ, и останатите партнери од албанските партии, одлуката ја донесува парламентот со 2/3 од гласовите, што само по себе значи дека ако владата не ги земе предвид дополнителните барања на претставниците на опозицијата врз основа на неиздржани процедурални оправдувања, тогаш на игнорираните опозициски партии  им се оневозможува да бидат дел од значајните процеси за интеграција во НАТО и ЕУ.

Повеќе на: fokus.mk