По Мијалков, и Тодоров исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

0
187

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Центар и Карпош експресно ги исклучија од партијата Сашо Мијалков и Никола Тодоров, откако за тоа беше донесена едногласна одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што објавија медиумите.

Поранешниот директор на УБК, Мијалков воопшто не бил повикан да се брани, а на седницата на општинскиот комитет било одлучено дека нема потреба тој да присуствува и одлуката е донесена во негово отсуство.

Тодоров откако го кажал својот став зошто е погрешна и избрзана одлуката на Централниот комитет , дисциплинската комисија во Општинскиот комитет во Карпош, едногласно решила да го исклучи.

Извор:НоваТВ